Биографиија  Драган  Даутовски

  • Dragan Dautovski biography image

    Проф.д-р Драган Даутовски,Етномузиколог,роден 1957 во с.Русиново-Берово,Република Македонија вработен на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде предава фолклор и традиционални инструменти. Тој e член на универзитетскиот сенат и ICTM (International Council for Traditional Music). Драган Даутовски е музичар со големо практично искуство кој владее повеќе од 20 различни музички инструменти.Проф. Даутовски е уметник на “Melody for Dialogue among Civilizations“- Unesco.

    Со традиционалната музика и фолклорните инструменти кои се од суштинско значење во четирите децении на неговата уметничка определба, тој настапува со многу групи и ансамбли како на домашната така и на меѓународната сцена. Тој, исто така, компонирал за голем број инструментални и вокални солисти, групи, оркестри. Во 1992 година го формираше ансамблот "Миле Коларовски" .Со овој ансамбл, тој има настапувано на повеќе концерти во Македонија и во странство. Покрај тоа, овој ансамбл има направено многу снимки за националната радио-телевизија. По успехот со традиционалниот ансамбл "Миле Коларовски" и неговото учество на реномираниот филм "Пред дождот" го формираше ДД Синтезис во 1995 година, а по ДД Синтезис во 2000 година, го создаде Драган Даутовски Квартет.

    Главната инспирација на Драган Даутовски квартет е идиомот на македонскиот музички фолклор, од длабочината на фолклорот, преку разновидна современа музика со естетски елементи и стилови, успешна мешавина на модерна и традиционална музика. Тој има настапувано на голем број светски музички фестивали во Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Англија, Јапонија, Русија, Австралија, Израел, Белгија, Холандија, итн. Драган Даутовски го привлече вниманието на јавноста со својот личен, интимен музички настап со најнеобичниот музички праисториски инструмент , пред 6000 години, керамичка топчеста флејта - Окарина. Овој инструмент, кој потекнува од неолитскиот период, е откриен при археолошките истражувања што ги вршат во близина на градот Велес.

    Според Даутовски, “Окарината има сочувано во себе тестамент на божествената моќ на музиката како најстар космички јазик”. Овој уметник и педагог е признат од страна на УНЕСКО поради неговата работа со традиционална музика. Даутовски настапи на концертот за 60-годишнината на УНЕСКО во Хавана - Куба во 2007 година и на концерти на УНЕСКО во Нигерија, Африка и др.